Утре од седум до десет часот синдикалците ќе го блокираат влезот во Скопје кај населбата Автокоманда, бидејќи Владата не одговара на барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, соопштија од ССМ. Синдикатот најави дека секој ден ќе поставува блокади на различни локации во градот.
Ваква одлука, за радикализирање на протестите донело претседателството на ССМ. Додека не се најде заедничко решение со Владата, штрајкот ќе се одвива на работните места и службениците своите обврски ќе ги извршуваат со минимум капацитети.
„Утрешната блокада на влезот или излезот на главниот град е само почеток е на еден нов начин на изразување револт кон институциите“, информираа од ССМ.
Најавуваат дека ќе следува и блокада на останатите влезови на Скопје, како и протести пред Владата, Собранието и останатите ресорни министерства кои се надлежни за решавање на нивните барања.
Поради утрешната блокада, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
Од ЈСП, исто така, информираат дека утре, во период од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат: Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68.
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар. Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија54- Од Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар и обратно.
Линија 16- Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара) и обратно.
Линиите 13 и 42- Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А- Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.