![BORUSIJA BOLNICA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/BORUSIJA-BOLNICA.jpg?resize=634%2C408&ssl=1)
Борусија Дортмунд се бори против корона вирусот во овие денови, и тоа го покажаа и играчите, и навивачите…
Претходно играчите се откажаа од голем дел од своите плати за вработените да не останат без работа, навивачите собираа пари за да помогнат за болниците, а клубот сега го отстапи својот стадион како привремена болница во битката против корона вирусот.
Стадионот е претворен во болница за заразени од вирусот. „Сигнал Идуна Парк“ е најголем стадион во Германија, и клубот без размислување го отстапува на државата за да се спречи раширување на оваа пандемија.
Оние кои имаат симптоми и сметаат дека го имаат вирусот, ќе бидат тестирани во северниот дел од стадионот кој е претворен во голема изолација. Внатре во стадионот се кревети каде ќе бидат сместени оние кои се позитивни на Ковид-19.
Овој потег ги воодушевија сите во Германија, и уште еднаш истакнаа дека тимот од Дортмунд има големо срце.