Земјите од ЕУ мора да соработуваат на разрешувањето на проблемот со бегалската криза и да престанат да се обвинуваат меѓусебно, изјави денес шефот на германската дипломатија Франк – Валтер Штајнмајер.
Тој во инетрвју за грчкиот весник „Та Неа“ рече:
Мора да се бориме за Европа. Мора да престанеме меѓусебно да се обвинуваме. Напротив, нмораме да ги соединиме силите и заеднички да работиме на европско решение за бегалската криза. Тоа е единствен начин Европа од оваа криза да излезе посилна, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Во последните неколку недели членките на ЕУ почнаа да изразуваат несогласувања окотлу тоа како да се излезе на крај со приливот од неколку стотици илјади бегалци кои бегаат од војната на Блискиот исток и другите делови од светот.
Грција, чиишто осторови се првата европска точка на која пристигнуваат бегалците е преплавена од бегалци и мигранти. Австрија минатата недела организираше самит на балканските земји на тема бегалска криза, но не ја покани официјална Атина, која пак го отповика својот амбасадор од Виена на консултации.
Штајнамјер истакна дека едностраните потези на земјите од ЕУ не придонесуваат за одржливо решение на проблемот и додаде дека е потребен заеднички курс.
Ниту една страна нема корист кога во рамките на ЕУ една земја ја обвинува другата. На тој начин не напредуваме ниту еден чекор кон решавање на бегалската криза. Процепот што сега се формира мора повторно со голем труд да биде затворен, истакна тој.
Тој додаде дека е од пресудно значење Турција да ги исполни своите ветувања и одлучно да се избори со криумчарењето луѓе со цел да го намали приливот на бегалци од Турција во ЕУ.