Неофицијалните бројки покажуваат дека во јавната и државната администрација има вработено околу 150.000 лица. Овој број е голем ако се земе во предвид дека СДСМ кога беше во опозиција изборната кампања велеше дека администрацијата е пренатрупана и дека бројот на вработени драстично ќе се намалува. Но, сите сме свесни дека администрацијата се партизира од страна на СДСМ во последните три години откако се на власт, потенцираше Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министер во министерството за информатичко општество и администрација, во денешното интервју за порталот Економски лидер.
Стаменковска Стојковска како пример за партиско вработување го наведе и новиот јавниот оглас од страна на Министерството за здравство каде што во одделение за правни работи наместо правник, се бара лингвист, што претставува тотално небулозно бидејќи како што рече таа не може лингвист да води правни работи.
Имаме случај каде што во рамки на Министерството за здравство се менува систематизацијата и во одделение за правни работи каде што треба да биде вработени исклучиво правник, тие на јавен оглас бараат да се вработи лингвист. Значи не може во сектор каде што се водат правни работи, да биде вработен лингвист, вели таа.
Во однос на тоа кој начин најчесто се користи за вдомување на партиските активисти од страна на владата на СДСМ, Стаменковска Стојковски посочи дека тоа е акт на систематизација, а како лидер во промена на систематизацијата го наведе Генералниот секретаријат кој дури 15 пати ја менувал систематизацијата се со цел да може да ги прекрои работните места согласно потребите на политичките активисти на СДСМ.
Неколку пати веќе кажав дека согласно потребите кој партиско лице треба да се вработи актот за систематизација се менува неколку пати. Лидер во промените е Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија кој што дури 15 пати ја смени систематизацијата, за да може да ги прекрои работните места согласно потребите на нивните политички активисти, нагласи Стаменковска Стојковски.