![stamenkoska trajkoska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/stamenkoska-trajkoska.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Бети Стаменковска Трајкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ не денешното свое обраќање зборуваше за дополнувањата на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа по скратена постапка каде посочи дека станува збор за сложен и обемен закон.
-Јас сакам да ве прашам какво е она предлог законско решение на кое не се јавивте да го браните или тешко е да се брани непринципиелно решение ама можете вие ставете си рака на срце и терајте со лаги кога вашиот лидер може зошто да не и вие. Пред нас е лично ваш предлог на закон за дополнување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа по скратена постапка. Прво зошто по скратена постапка, оваа традиција треба да престане во ова Собрание. Во објаснувањето стои дека според член 170 од Деловникот и се повикувате на делот дека ова не е сложен и обемен закон. Ова кое го предлагате е многу сложен и обемен закон и сега ќе ви објаснам зошто, рече пратеничката.
Пратеничката во текот на своето обраќање објасни зошто смета дека овој закон е сложен односно дека нема принципиелност во предлог законот.
-Сложеноста ја гледам во немањето принципиелност за овој предлог закон, а ова е заради следново. 13 ноември 2018 година носите ваков закон каде го лимитирате максималниот износ на планираниот пораст од најмногу 10% на сопствените приходи на основниот буџет во однос на просечно остварените приходи во последните три години. И одма после неколку дена на 19 ноември премиерот на состанок со ЗЕЛС дава изјава во која покрај другото ветува дека решавање на актуелните проблеми со задолженоста на локалната самоуправа во Македонија како и финансиско стабилизирање на општините. Дополнително и тогашниот министер за финансии Тевдовски објаснува дека планирањето на буџетите ќе се базира на реална основа односно буџетот на општините ќе може да се проектира со максимални 10% раст во однос на просекот од остварените приходи во последните 3 години. Тие ветуваат дека со тоа носат мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори затоа што ќе се спречат таложења на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините. Од 2017 година, а мислам и од претходно ја убедувате македонската јавност дека треба да се реши проблемот со задолженоста со локалните самоуправи и вие вака ли го решавате овој проблем. Во меѓувреме за да се заборават работите ВМРО-ДПМНЕ ќе биде криво за нешто. Во време кога нема ковид криза на која се повикувате во образложението на 20 ноември 2019 години, една година подоцна носите нов закон каде го лимитирате максималниот закон на планиран износ во пораст од најмногу 30%. И на крај се надевам ќе биде крај, месец декември доставувате предлог за ново дополнување на истиот закон каде го лимитирате максималниот износ на планиран пораст од најмногу 50%, додаде таа.