5.8 C
Skopje
среда, декември 4, 2024

Стаменковска вели СДСМ секогаш кога се ближат избори се обидуваат да дискредитираат и шират невистини

СДСМ секогаш кога се ближат избори се обидуваат да дискредитираат и шират невистини, регира Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Влатко Митовски од СДСМ.

-Во обид да го извалкаат моето име и името на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски би сакала да укажам на следново:

Проект „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ или кусо „Инклузија преку МКФ“, е аплициран во Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност во времето на претходниот градоначалник Борче Ѓорѓиевски во 2021 година.

Во рамки на самиот проект е предвидено истиот да се реализира со лица вработени во рамки на институцијата.

Проектот е започнат официјално на 01.02.2022 година, мојата номинација е на 02.02.2022 година, за што има и официјална документација.

Во рамки на склучениот договор за реализација на овој проект, има предвидено начин на исплата на подготвителни работи и активности согласно член 3 точка 1 и согласно член 2 точка 3 каде се наведува дека средствата се користат од 01.02.2022 година.

Исто така, поради други работни обврски најавив уште во октомври дека нема да го извршувам ова задолжение, и од месец октомври има номинирано друго лице.

Моето долгогодишно искуство во имплементација на меѓународни и ЕУ проекти како и моето име, не дозволувам да се валка поради ситни политички поени.

Во иднина, пред да го пратат Влатко Митовски да држи прес за нешто што ни сам не знае што збори, би било подобро да се советува со неговиот партиски другар, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

За се што е погоре наведено, ја повикувам и Антикорупциска да го провери случајот, вели во реакцијата Стаменковска Стојковски.