Кандидатот за градоначалник на општина Дојран од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов денеска го презентираше „Планот Д“, проект за интегриран и одржлив менаџмент на екосистемот на Дојранското Езеро.
-На овој проект работевме 18 и успеавме да обезбедиме финанскиска конструкција за негова реализирација преку меѓуграничните фондови. Проектот „План Д“ се состои од три главни дела. Првиот дел е развој на стратешки план и системи за управување со екосистемот на Дојранското Езеро. Понатаму, развој на инфраструктура и градење на механизми за заедничка заштита на езерото од двете страни на границата, како и набавка на технологија и опрема на негова заштита. Третиот дел е градење и подигање на еко-свеста и еко-културата на сите чинители во дојранското општество, истакна Стамов.
Посочи дека главна придобивка од овој проект ќе биде рестартирањето на каналот „Ѓолај“ кој се наоѓа на грчка страна и кој, како што рече, денес е повеќе од потребен.
-Чистењето од зараснатата вегетација на крајбрејжјето на Дојранското Езеро на двете страни од границата. Опремување на лабораторија со 24-часовен мониторинг на водите во Дојранското Езеро, како и набавка на специјален чамец за чистење на крајбрежјето на Дојранското Езеро, најави Стамов.
Вели дека тоа е одговорот на неговиот тим за заштита на езерото.