Сопственикот на телевизијата „Делта“ од Нови Сад, Драган Џукиќ е пронајден мртов во својот стан.
Според првичните информации на српските медиуми, познатиот сопственик починал од срцев удар.
Тој освен како сопственик на телевизијата и е познат на јавноста и по својата кандидатура за директор на РТС.
Зад себе остави сопруга и две деца.