„Стандард енд Пурс“: Кризата во Грција може да предизвика домино ефект во Регионот

Алфа банк, има свои подружници низ земјите во Југоисточна Европа, фото: Ројтерс

„Стандард енд Пурс“ предупредува дека финансиската криза во Грција може да предизвика домино ефект во земјите од регионот (Бугарија, Македонија, Албанија, Романија и Србија). Грчките банки поседуваат околу 15 отсто од фискалните системски средства на Србија и Романија. Дополнително Грчките банки поседуваат околу 20 отсто во Бугарија и Македонија.

Поради финансиските проблеми во Грција, банките во земјата се значително ослабени, затоа што штедачите масовно ги повлекуваат своите депозити од банките со што значително опадна ликвидноста на банките. Уште поважно, негативните ефекти од кризата се закануваат и на банките во југоисточна Европа, пренесува Ројтерс.

Голем број банки во Грција поседуваат „системски важни“ банки во овие земји. Значи ако Грција поради се поголемите долгови ја напушти еврозоната, домино ефектот ќе се почувствува во банките во споменатите земји. Владите во земјите во југоисточна Европа ќе бидат одговорни за да обезбедат заштита на банките, а ако не успеат, тоа ќе значи голем удар за финансиските позиции.

„Стандар енд пурс“ посочува: „Не ја исклучуваме можноста од владина поддршка (за банките). Ако таквата поддршка ги заслаби фискалните и должнички владини параметри, ова може негативно да се одрази врз рејтингот на земјите“.

Во моментов кредитниот рејтинг на земјите според Стандард енд Пурс е: Бугарија ББ+, Романија БББ-, Македонија ББ-, Албанија Б+, Србија ББ-. Со исклучок на Србија за сите земји се очекува дека нема да има поголеми поместувања  на рејтингот.

„Стандард енд Пурс“, посочува дека Грчките банки поседуваат околу 15 отсто од фискалните системски средства на Србија и Романија. Дополнително Грчките банки поседуваат околу 20 отсто во Бугарија и Македонија. Една од најголемите банки на Грција, Алфа банк, има свои подружници низ земјите во Југоисточна Европа. Исто така грчките Еуробанк и Пиреус банк имаат значајни удели во некои од овие земји.

Угледниот весник „Финаншл тајмс“, цитира дел од извештајот на „Стандард енд Пурс“:

– Во нашето основно сценарио, сметаме дека Грција ќе остане член на еврозоната. Но ограничениот напредок во преговорите помеѓу Грција и кредиторите наложува да помислиме дека сепак е можен „грегзит“. Сметаме дека излегувањето на Грција, заедно со загубата на финансирањето од ЕЦБ, ќе резултира со банкрот на грчкиот финансиски ситем. Ова може негативно да се одрази и на банките во Југоисточна европа кои се сопственост на Грци.

Засега, се предвидува дека грчките банки ќе останат во живот доколку ЕЦБ не ја намали помошта. Доколку ЕЦБ се одлучи да ја прекине омошта, банките ќе бидат на удар на разорниот бран на финанската катастрофа.