Станковиќ го носи Марио Балотели во Црвена звезда

Медиумите во Србија пренесуваат дека новиот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ би можел да активира трансфер „бомба“ која дефинитивно ќе го потресе балканскиот фудбал.

Имено, првиот човек на „црвено-белите“ планира да го донесе контроверзниот напаѓач Марио Балотели на стадионот „Рајко Митиќ“, кој во моментов настапува во редовите на Бреша, но по неговите несогласувања со управата најави дека ќе си оди од клубот штом неговиот договор заврши.

Поранешниот фудбалерна Интер, Милан, Ливерпул, Манчестер Сити има 29 години и според овие наговестувања, треба кариерата да ја продолжи во Белград. Една недела претходно на промоцијата Станковиќ најави дека побарал помош од две тренерски легенди со кои соработувал претходно, да му помогнат во новиот предизвик.