Станува неизвесна инвестицијата на грчки Митилинеос во когенеративна централа во Железара

Министерството за економија ќе бара повторно да се разгледа еден од четирите предлог закони за стратешки инвестиции. Се сомневаат во одредени работи и затоа сметаат дека треба одново да се преговара со инвеститорот, а ако има потреба од економија ќе бараат и повлекување на законот од собрание и повторно враќање на доработка во Владата. Од министерството сметаат дека е спорно лиценцирани, рентабилни и профитабилни инвеститори да добиваат државна помош и тоа не една туку повеќе

-Мислиме дека таквите инвестиции кои веќе имаат еден вид државна помош индиректна било тоа фидинг тарифи или договори за откуп на струја, веќе ја користат државната помош од страна на Владата и дополнителна државна помош би било спорно од тоа што го добиваме од анализите и не знаеме дали има ваков пример за една инвестиција да има една или три видови државна помош и многу внимателно треба да се гледаат тие барања и предлози за стратешките инвеститори, велат од министерството за економија, за Телма.

Не откриваат за кој инвеститор станува збор, но со оглед на тоа што споменуваат дека еден стратешки инвеститор ќе добие повеќе видови државна помош, се отвара прашањето дали станува збор за Митилинеос- стратешкиот инвеститор за кој имаше најмногу реакции во јавноста.

Грчката компанија која треба да гради нова когенеративна централа во Железара, според предлог законот ќе добие поволности од државата, загарантиран откуп на производството, но и државна помош од 50 милиони евра.