
Убавината е различна за секого. Кога станува збор за жените од минатото, нивниот изглед е без сомнение „чист“. Можете да бидете сигурни дека нивната убавина навистина е реална. Па погледнете некои од најубавите жени пред ерата на ботоксот, пластичните операции и магијата на Фотошоп.
1. Ион Брајт
Актерка од Бродвеј со убавина од друг свет.
2. Лина Кавалиери
Позната италијанска оперска пејачка чија фигура како песочен часовник се наоѓала секаде – од кутии за сапун до поштенски марки.
3. Клео де Мерод
Француска танчарка која ја добила наградата „Кралица на убавината“ на првиот натпревар „Топ убави жени“ организиран од весникот Илустрација во 1896-та година.
4. Мод Адамс
Американска актерка која се прославила со улогата на Петар Пан во продукција на Бродвеј.
5. Каролина Отеро
Позната како „Ла Бел“, Каролина била француска танчарка и пејачка, позната помеѓу кралските семејства од многу држави.
6. Мод Фили
Американска актерка од немите филмови која ја доживеала и ерата на филмовите со звук.
7. Рита Мартин
Суфражетка и фотографка која заслужувала да биде фотографирана што е можно почесто.
8. Војвотката Олга
Најстарата ќерка на последниот руски цар Никола II чие семејство било убиено од болшевиците.
9. Лили Елси
Англиска актерка и пејачка од Едвардовската ера.
10. Лузон, жената од Филипините
Доказ дека не ви се потребни професионален апарат и урбано опкружување за неверојатна фотографија.
11. Џин Аливин
Успешна актерка-комичарка од Едвардовската ера.
12. Ана Павлова
Руска прима балерина од познатиот Царски руски балет.
13. Мери Пикфорд
Американска актерка родена во Канада. Нејзиното вистинско име било Гледис Луиз Смит.
14. Вали „Вали“ Кнуст
Музичарка и актерка од ерата на немите филмови која потекнува од старо англиско семејство.
15. Габриел Реј
Габриел се смета за една од најфотографираните жени на светот, а можете да видите и зошто.
16. Ана Меј Вонг
Првата кинеско-американска холивудска ѕвезда.
17. Кралицата Мери од Романија
Последната кралица од Романија, многу популарна помеѓу нејзините луѓе.
18. Дорис Стокер
Англиска актерка од Индија од 1900-тите.
19. Агнес Ајрес
Актерка од ерата на немите филмови.
20. Ромка со мандолина
Есмералда на 20-тиот век.