Старица мора во затвор бидејќи хранела напуштени мачки

Седумдесет и деветгодишната Ненси Сегула од Кливленд е осудена десет дена затвор, бидејќи хранела напуштени мачки, а благодарејќи на соседите кои со години се жалеле на тоа дека старицата има голем број мачки.

Во согласност со одлуката на судот, на 11-ти Сегула ќе мора да оди на отслужување на казната во локалниот затвор. Судските власти појасниле дека ваквата пресуда е донесена од неколку причини.

Соседите на животните се жалеле четири години, а таа рекла дека ѝ ги оставил еден од соседи кој во меѓувреме се отселил. Претходните години полицијата доаѓала четири патио да интервенира по жалбите на соседите на коишто им сметал големиот број мачки.

Во јули 2015 година, Сегула го прекршила градскиот правилник кој забранува хранење на улични животни, во мај 2017-та по истата основа старицата повторно била посетена, во јули 2017 година Сегула е условно казнета, бидејќи имала премногу мачки на својот имот, а во август 2017-та е прогласена виновна, бидејќи не ги исчистела фекалиите од мачките.

На рочиштетот одржано оваа седмица Сегула признача дека и натаму ги храни мачките. Токму затоа судот одлучил дека старицата мора десет дена да мине во затвор. На Facebook страницата локалната полиција побјав дека сЕгула досега никогаш не била апсена.

„Хранам шест до осум возрасни мачки, а сега почнаа да ми доаѓаат и мачиња. Ќе ми деостигаат. Мажот ми почина и осамена сум. Мачките и мачињата ми помагаат. Постојано ми се враќаат. Ми беше жал за нив и затоа почнав да ги хранам,“, рекла старицата за порталот Cleveland.com.

Досега надлежните лица од дворото на старицата однеле 22 мачки.

Смета дека казната е престрога, и додава дека досега веќе платила повеќе од 2.000 долари поради разни прекршочни дела во врска со мачките. Прашува, исто така, поради што „казната е ваква кога има толку луѓе кои прават многу полоши работи“.

Но сѐ уште има шанси Сегула да го избегне одењето во затвор. Локалните медиуми објавија дека судијката Џенифер Вејлер ја разгледува можноста да одржи уште едно сослушување за да се утврди дали е можно да одреди некоја друга казна.