Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, се соочува со сериозна казна и може да биде исфрлен од фудбалот за период од шест месеци, доколку биде докажано дека тој ги прекршил правилата за обложување на Фудбалската асоцијација на Англија.
Страриџ има рок до 11-ти февруари да одговори на сите обвиненија поднесени во ноември.
Напаѓачот веќе го обезбедил својот личен телефон на истражните органи, кои треба да утврдат и дали Стариџ обезбедувал информации на трети лица во врска со својот трансфер во јануари годинава.