Стартапот за е-цигари вреден 15 милијарди долари се шири од САД во Европа

„Благодарам што пушите“ би рекол Дан Томсон, директор на Juul, компанија за производство на е-цигари од Силиконската долина. Оваа компанија од САД во само три години освои речиси 70 отсто од пазарот на е-цигарите со што стана најдоминентниот играч во оваа област, пишува Блумберг.
Младиот стартап, сега вреден веќе 15 милијарди долари, се шири од САД во Европа, а продажбата на својот комплет е-цигари го почна во Обединетото Кралство. Според Блумберг, присутни се на 250 продажни места, како и на онлајн продавници.

Во Обединетото Кралство има 7.5 милиони пушачи, а понудата на електронските цигари не е задоволителна. За нас е ова голема прилика, изјави Томсон за Блумберг.

И не погрешил. Според истражувањето на Еуромонитор, Велика Британија по САД е најголемиот светски пазар за е-цигари, чија продажба во 2017 година достигна 1,7 милијарди долари.

Брзиот раст на популарноста на Juul уредите е знак дека луѓето се повеќе бараат алтернативни, ако не и поздрави опции за употреба на никотинот. Сосема е сигурно дека познатиот Big Tobacco, петте најголеми светски тутунски компании, има причина да се плаши, но како влезот на „младиот играч“ ќе се одрази на тутунската индустрија останува да се види.

Почетениот комплет “Juul starter kit“ вклучува тенок уред за пушење, сличен на УСБ, полнач за батерии и четири резервоари со течност. Како што пишува Блумберг, посебноста на Juul е токму во резервоарите кои содржат бензоева киселина. Таа прави внесот на никотинот полесен и да нема чувство на гребење на грлото.

Цената на овој комплет во Обединетото Кралство е под 40 долари.