
Солидарноста падна во сенка на брзата трка за КОВИД вакцина.
СЗО го критикува ваквото однесување бидејќи предизвикува чувство на изневереност и запоставување кај земјите кои се на готовс за првите вакцини. Оттаму веќе со месеци апелираат да не се прават директни договори со производителите, но тоа засега не дава резултати.
„Ги повикувам земјите кои договориле повеќе дози од вакцините од потребното и го контролираат глобалното снабдување да ги донираат во КОВАКС системот кој е спремен уште денес да ги пушти во оптег. Апелирам до земјите и производителите да престанат со склучување билатерални договори на сметка на КОВАКС: Ниту една земја многу земји се уште немаат никакви дози.“,изјави Тедрос Гебрејсус, СЗО.
Неизвесноста за стартот на овој систем ги натера земјите сами да се снајдат како умеат. Во регионот, први преку директни договори до вакцини дојдоа Србите, а од вчера со имунизација започна и Албанија. Од кого ја добиле скромната пратка од 1000 дози премиерот Рама се уште не отрива, но затоа повторно ја обвини ЕУ дека го запоставила Западен Балкан со дистрибуција на вакцините.
„Се покажа дека стратегијата и насоката кои ЕУ ги постави за инвестирање во програмата Ковакс се неодредени во времето. Ако го чекавме Ковакс, и понатаму ќе чекавме и никој не знае колку ќе трае тоа.“,рече Еди Рама, премиер на Албанија.
За Македонија единствено извесно е дека 5.800 дози директно од „Фајзер“ ќе пристигнат во февруари, од вкупно нарачаните 800.000. За една недела ќе се аплицира и за вакцини преку КОВАКС системот, но колкава ќе биде првата пратка и кога точно ќе пристигне не се знае. Земјава и од овој механизам, исто како и од донации од земјите членки на ЕУ очекува по 800.000 дози. Целта на властите е да се имунизираат 1,2 милиони граѓани или околу 60 отсто од населението, но кога тоа би било реалност, останува нејасно.