„Стасува наплатата“, предупредува Маск

Поради нискиот наталитет Соединети држави во иднина ги очекува „голема наплата“, изјави американскиот милијардер и еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск кој е татко на десет деца.

Со тоа претприемачот и најголем инвеститор во модерните и технологиите на иднината го коментираше написот на агенцијата Reuters дека главниот американско фонд за социјално осигурување ќе биде исцрпен во 2033 година, една година порано отколку што се очекуваше во минатогодишната прогноза.

„Големата наплата доаѓа поради ниската стапка на наталитетот. Јапонија е водечкиот показател“ за тоа, напиша Маск на Twitter.

Милијардерот алудира на официјалните податоци, според коишто минатата 2022 година во Јапонија се родени 799.700 деца. Тоа е првпат по 1899 година, кога започнало да се води таквата статистика, јапонскиот наталитет да падне под 800.000 новородени. Според прогнозите од 2017 година, нивото од под 800.000 живородени Јапонија требало да го забележи во 2030 година.