Вкупно 5.790 работни места се слободни во последното тримесечје од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на слободните работни места во овој период изнесува 1,33 отсто.
Највисока стапка на слободни работни места има секторо Уметност, забава и рекреација и изнесува 2,41 отсто, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,12 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,56 отсто.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,66 отсто.
Најголем број на слободни работни места, односно 1.357, има во петтата групата на занимања – Работници во
услужни дејности и продажба.