Подготовката започна вчера. Сепак, се уште не е донесена одлука дали оградата ќе биде крената, соопшти портпарол на локалната полиција.
Оградата близу граничниот премин кај градот Никелздорф ќе биде поставена, доколку австриските власти се одлучат на построги мерки, во однос на побрзо враќање на апликантите за азил. Минатата година нивниот број изнесуваше 90.000, а годинава властите планираат да дадат најмногу 37.000 дозволи за азил.
Унгарија веќе постави огради долж границата со Србија, а балканските земји воведоа свои ограничувања за премин на границите, во координација со Австрија.
Австрија смета дека оградите се неопходни за контрола на имигрантскиот наплив.
Австриските власти веќе поставија четирикилометарска бариера со контролен пункт, на границата со Словенија, а изразија и подготвеност истото да го сторат и на преминот „Бренер“ на границата со Италија, ако тоа биде потребно.