Ставрески: Нови 10 илјади вработувања во индустриските зони

Околу 10 илјади нови вработувања ќе има во индустриските зони во следните 12 месеци, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, по средбата со тутунарите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој истакна дека во зоните досега се вработени 6.500 вработувања, а ќе има и нови 10 илјади во текот на следните 12 месеци.

Благодарение на владините политики, како што рече тој, досега се креирани 119.000 нови работни места.

„Тоа покажува дека владините политики биле добри, односно биле вистински и помогнале преку ниските даноци, ослободувањето на компаниите од плаќање на данок на добивка, четирите антикризни пакети со кои што се обезбедија меѓу другото 350 милиони евра поволни кредити за малите и средни претпријатија, можноста да се водат активни политики за вработување со кои што преку самовработување и грантови се овозможија отварање на работни места и секако високиот износ на капитални инвестици од буџетот со кои што се креираше работа за градежните компании“, рече Ставрески.