Ставрески: Поддршка за работата на академијата „Пандев“

На денешната посета на академијата „Пандев“, носителот на листа за ИЕ4, Зоран Ставрески, потенцираше дека е голем фан на Горан Пандев и дека задно со неговата ќерка секогаш со задоволство го следат кога игра во дресот на Наполи.
За време на посетата, Ставрески се запозна со активностите и развојните планови на академијата.

„Исто така ми беа презентирани и развојните планови и мислам дека станува збор за сериозен спортски комплекс за развој на спортот и фудбалот во Струмица , но и пошироко од регионални размери. И секако како и до сега и понатаму ние како Влада ќе ја даваме поддршката за Академија „Пандев“ и за сите спортисти во Репубика Македонија со цел да создадеме подобри можности за младите лица и за оние кои што го сакаат фудбалот,“ истакна Ставрески.

На академијата „Пандев“ тренираат 450, а низ Македонија бројката изнесува околу 800 деца кои се обучуваат да станат фудбалери, а како што додаде Ставрески, се надева дека некои од нив ќе не претставуваат во светот.