Ставрески: Растот на индустриското производство силен импулс врз економијата

Растот на индустриското производство, како и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари ќе даде силем импулс врз економијата оваа година, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Тој оцени дека трендот на пораст на индустриското производство од 6,4 отсто е добар и е голема поддршка за реализирање на планираниот економски раст.

„Бројот на работници во индустријата само во јануари е зголемен за 6,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, а ако споредиме со 2006 година имаме зголемување на бројот на работници во индустријата за околу 27 илјади. Ако се има предвид дека во поголем дел од овој период имавме светска и европска криза и во голем број земји имаше отпуштања од работа, а кај нас има зголемување на бројот на вработени, посебно во фабриките што се лоцирани во зоните, тогаш секако дека ова се позитивни движења“; рече Ставрески, кој нагласи дека сето тоа ќе даде силем импулс врз економијата.