Стејт департментот загрижен поради руското мешање во Србија

САД изразија загриженост поради руското мешање во Србија и изрази поддршка за Белград во истрагата за шпионската афера во која се вклучени рускиот разузнавач Георгиј Клебан и потполковникот З.К. пензиониран припадник на Војската на Србија.

– Загрижени сме поради извештаите за непримерно руско мешање во Србија. САД ги поддржуваат напорите на Србија да го истражи овој инцидент и ја поттикнуваме Владата, одговорните за овие незаконски активности да ги повика на одговорност во согласност со владеењето на законот, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Русија се обидува да ја дестабилизира Европа со воен притисок, злонамерни кибер активности и малигно влијание во многу земји кои се сојузници, партнери и пријатели на Америка.

– Со руската Влада бевме јасни на највисоки нивоа: Морате да ги прекинете своите дестабилизирачки активности ширум светот, се посочува во соопштението на Стејт департментот.