
Во разговор за Курир, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. открива детали за здравствената состојба на 19-годишниот Никола од Црешево кој боледува од карцином на коски.
„Денеска бев во посета на Никола и неговото семејство во Црешево. За жал судбината повеќепати си поиграла со младиот Никола, тој е без родители и живее со своите дедо и баба, а денес се соочува со најсериозниот предизвик, а тоа е карциномот на коски. Она што можам да го кажам е дека Никола е полн со живот во себе носи позитивна енергија и има силна поддршка од неговите дедо и баба кои веруваат дека заедно со Никола ќе излезат како победници од оваа битка.
Јас, пред сѐ, како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба застанувам рамо до рамо со младиот Никола во неговата битка за живот. Општината во следниот период преку низа на активности и чекори ќе му помогне на Никола во постапката за собирање на финансиски средства но и во целиот процес кој следува.
Нашиот народ е хуман народ кој својата хуманост на дело ја докажал многупати досега и верувам дека сите ќе се обединиме и заедно со Никола ќе победиме“, изјави Стефковски.