Стефоска: Никој не ме праша што е сработено и зошто треба да заминам

Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено, но право на секој мандатар е да си состави кабинет, вели министерката за култура, Ирена Стефоска која заминува од функцијата и на нејзинот место во новата влада ќе биде пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска во гостувањето на „Утрински Брифинг“.

Таа смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала земја, а ова Министерство, како што рече, заслужува да се вложува во луѓето.

– Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, додаде Стефоска.