На денешната седница на Собрание на Република Македонија, пратеникот од редовите на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, Димитар Стевананџија посочи дека како претставник на граѓаните од Општина Прилеп има морална и професионална одговорност да говори за решавањето на проблемот на „Еурокомпозит“.
Изненадување е зошто денес во овие клупи десно го нема вицепремиерот Кочо Анѓушев кој што е еден од најповиканите да дискутираат за оваа тема, запраша Стевананџија.
Стевананџија додаде дека повеќе од две ипол години вицепремиерот заедно со министерот Сугарески, и заедно со градоначалникот на општина Прилеп пробуваа но не успеаја да најдат крајно, конечно и добро решение за вработените во „Еурокопозит“.
За информација на македонската јавност овие три години откако СДСМ е на власт во оваа фирма се случуваат чудни работи. Сменети се повеќе од три директорски гарнитури. Првата директорска гарнитура беше донесена од Охрид и беше дел од еден навистина финансиски скандал кој што владата навремено се свести, направи промена. Потоа постави нов директор од Прилеп кој што за волја на вистината се уште се сомневаме дали добро ја извршувал таа работа. Ако извршувал добро не би бил сменет и тоа за неколку месеци, и да биде поставен трет раководен директор, појасни Стевананџија.
Стевананџија истакна дека би било добро да беше присутен Анѓушев и да објасни што се случува со „Еурокомпозит“ и што се им е ветувано на вработените.