Штипјанец претепан со секира заврши во болница

Штипјанец претепан со секира заврши во болница. Две возрасни лица и едно малолетно дете претепале штипјанец со секира.

Како што информира МВР, инцидентот се случил вчера околу 21.00 часот во Штип на ул. „Партизанска“ .

М.К.(37),  М.А.(42) и 15 годишно малолетно лице физички го нападнале Е.Д.(40). Малолетникот, 15-годишникот, со тапиот дел од секира го удрил во пределот на главата по што паднал во бесознание.

Штипјанец претепан со секира – задржан на лекување во болница

Штипјанецот кој бил претепан со секира со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Штипјанецот кој бил претепан со секира со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип
Штипјанецот кој бил претепан со секира со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип

 

По превземени мерки двајцата осомничени се приведени и со истите е извршен разговор, додека по М.А. се трага.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.