СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И. (28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.03.2019 на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово полициски службеници извршиле претрес во стан во кој престојувал С.Ч.(28) од Тетово, при што пронашле и одземале марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.