Денес се наоѓаме во Општина Брвеница, разговараме за Обнова на Македонија со жителите на овој крај и тие се крајно разочарани бидејќи во Општина Брвеница наместо план за живот кажуваат дека се реализира исклучиво план за вработување на блиските на оваа владеачка гарнитура и за жал план за иселување на сите останати. Од Брвеница заминуваат и возрасни и млади и вработени и невработени и семејно обезбедени и останатите затоа што не гледаат иднина во овој крај. А иднината е таа која што Зоран Заев им ја ветуваше но очигледно само на хартија, изјави денеска Дафина Стојаноска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„После две години и повеќе владеење на Зоран Заев и неговата гарнитура жителите на општина Брвеница кажуваат дека се крајно излажани и изневерени. Токму затоа го чекаат 12 април кога ќе му дадат осуда на ваквото однесување на Зоран Заев. Разочарани се немаат никаква иднина, немаат перспектива, сето тоа го запишаа тука на нашите флаери и ова ќе биде разгледано во нашата идна програма и се за што сметаме дека можеме да го реализираме и да го решиме како проблем ќе го ставиме на хартија. ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го запише и вети тоа ќе го реализира.“