Стојаноска: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, потребни се избори

Единствен проблем за влез на Македонија во ЕУ се криминалот и корупцијата, и секојдневно шлаканиците доаѓаат за тоа, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Стојаноска посочи дека имаме Влада во која има еден лапсус премиер кој повеќе изговара лапсуси отколку вистински зборови и тоа е факт. Покрај тоа и во СДСМ има доста проблеми тоа е доста од повеќе очигледно во Собранието.

Во врска со изјавата на Таравари за влез во владата таа искоментира:

„Ја слушнав изјавата на Таравари дека единствено би прифатиле да влезат да ја спасат оваа Влада која пропаѓа е дека доколку добијат гаранции од премиерот дека обезбедил 80 пратеници за промена на Устав. Па зарем Таравари се сомнева дека Ковачевски би му дал гаранции? Па тој гаранции и дал на ЕУ, и дал дека ќе го промени уставот, тој нема проблем да даде гаранции, прашањето е дали тоа ќе се реализира, или Алијанса ќе остане пак излажана“, рече Стојаноска.

Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за уставни измени, а тоа е дека нема уставни измени во овој парламентарен состав, и дека се потребни предвремени парламентарни избори, за власта пред граѓаните да излезе со став дека ќе го менува Уставот, па да види дали ќе ја добие поддршката за тоа или не.