Стојаноски: Заев го штити криминалот на Рашковски и врши притисок врз Рускоска

Дали премиерот Зоран Заев дали со неговата последна изјава во неделникот Фокус го штити криминалот на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, и дали со таа негова изјава врши притисок врз обвинителката Вилма Рускоска, праша на денешната Собраниска седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Денеска сте на насловната страница на Фокус каде велите дека немате сомневање дека де се е чисто. Не знам дали сте свесен ама вие со ова му давате легитимитет и институционална покриеност на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски и на неговите дејствија“, рече од говорницата Стојаноски.

Според него, премиерот Зоран Заев со изјавата потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер.

„Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш. Дали се уште сметате дека поранешниот генерален секретар на Влада и ваша десна рака Драги Рашкоски е невин за сите криминални и сомнителни тендери и набавки кои што јавноста ги слушна? Дали премиер треба да ги почитува законите или да си ги толкува како му одговара? Дали Зоран Заев прави јавен притисок кон Вилма Русковска?“, го праша Стојаноски премиерот Заев.