Стојанов: Бугарската агресивна позиција кон Северна Македонија создава нација што ја мрази Бугарија

Позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави” мора да се води во пријателски тон.

Стојанов нагласи дека во Бугарија премногу се робува на јавното мислење и дека вистинските државни лидери мора да го креираат јавното мислење, особено кога станува збор за историски одлуки, како што беше зачленувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ.