Стојановски: Го крие ли Филипче бројот на заболени!?

Го крие ли Филипче бројот на заболени!? Зошто тестовите во приватните болници мерат повеќе од тие во јавното здравство!?

Во текот на последните неколку дена за жал сме сведоци на раст на бројот на заболени од коронавирусот. Но бројката која што ја објавуваат надлежните е далеку помала од бројката на лица кои се тестирани позитивни на вирусот.

Имено само во текот на вчерашниот ден во Систина кај 59 пациенти е покажано присуство на коронавирусот. Веднаш откако излезе оваа бројка, Филипче реагираше дека сите кои што се тестираат во приватните болници и ќе се покажат позитивни на вирусот, ќе мора да се тестираат и во јавното здравство.

Што сака Филипче да сокрие!?

Дали министерот свесно сака да и презентира на јавноста бројка помала од реалната и да манипулира со граѓаните!?

Зошто тестови на приватните болници за коронавирусот мерат повеќе од тие на Филипче е прашањето?

Дали намерно се крие бројот на заболени?

Кој ќе сноси одговорност за ваквиот неодговорен пристап?

Филипче се слушаме? Напиша на Фејсбук, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.