Стојановски: Каде завршија потрошените пари за чистењето на депонијата, а таа не е допрена?!

Фејсбук статус на Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ

„Фотографијава е школски пример за лицемерие и лажни вести❗

Ги повикувам градоначалникот Наумоски и поранешниот пратеник Ацевски уште утре да отидеме заедно на просторот на депонијата и да провериме до каде се ветувањата што ги дадоа❗

▶️На лице место да се увериме дали таму постои зелен појас или огромна, масовна депонија од 11 хектари ⁉️

▶️Да видиме дали ќе се санкционира самиот градоначалник Наумоски за ова дело ⁉️

▶️Каде завршија потрошените пари за чистењето на депонијата, ако истата воопшто не е допрена ⁉️

На лагите, криминалот и неспособноста им доаѓа крајот.
Ѓорче не виде ништо добро од вас. 📢🔜🗳‼