Стојановски во вториот настап оствари рекорд на Медитеранските игри во Оран

Андреј Стојановски на Медитеранските игри во алжирски Оран во неделата го запиша и вториот настап во кој, исто така, впиша нов рекорд.

Македонскиот пливач имаше апсолутен рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време од 27,71 секунди.

Тоа е уште една потврда за врвната форма на членот на пливачкиот клуб „Нептун“ кој потсетување запиша и нов младински рекорд во својот прв настап на МИ.

На трката на 50 метри грбно во рамките од групата „2“ Стојановски го освои последното шесто место.

Првопласираните четворица се квалификуваа во следната фаза: Симоне Стефант (Италија – 25,17), Георгиос Спанудакис (Грција – 25,20), Мануел Бакаризо Мартос (Шпанија – 25,41) и Дорук Текин (Турција – 25,75).