11.8 C
Skopje
понеделник, мај 6, 2024

Стојкоски: Да создаваме иднина и добри дела за оние со кои живееме и за оние кои доаѓаат по нас

Проекти за сите граѓани на Ѓорче Петров, создавање иднина и добри дела. Ова го ветува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Јас сум Александар, докторот Аце. Еден од вас. Честопати треба да погледнам и во наводно невидливото за да ги решам проблемите.Но, премногу е видливо дека на Ѓорче Петров му се потребни промени, нова енергија, на Ѓорче му треба љубов и работа со сето срце. Да создаваме иднина и добри дела за оние со кои живееме и за оние кои доаѓаат по нас. Со акција, соработна, добра мисла и намера, да оствариме успеси за сите луѓе. Да го направиме тоа тимски, да ги вложиме нашите знаења, вештини и визии и сите да придонесеме за модерно Ѓорче Петров, посочи тој.

Стојкоски со порака до граѓаните на оваа скопска општина:

„Бидете и вие дел од генерацијата која е на вистинската страна и сложно да стигнеме до заедничкиот успех„.