Работен викенд во Општина Ѓорче Петров, се изведуваат завршните работи со поставување на асфалт на повеќе локации, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
-ул. Кичевска во Хром, се асфалтира делот од колекторот на атмосферската канализација која продолжува кон улицата Манчу Матак, на ул. Радушка во УЗ Ѓорче Петров, се изведуваат финални градежни работи по трасата на новата атмосверска канализација во должина од приближно 1200 метри, во с. Орман се изведува асфалтирање на улиците во делот на поставената нова канализациона мрежа, истакна Стојкоски.
Активно работиме на подобрување на условите за живот подеднакво во урбаниот и руралниот дел на општинат, додаде тој.