Графити со недолична содржина насочени кон членовите на СОНК кои беќе петти ден се во генерален штрајк, утринава биле забележани на детска градинка во Општина Ѓорче Петров.
Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека случајот е пријавен во МВР и очекува брзо пронаоѓање на сторителите.
-Досега невиден акт на вандализам.Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, објави Стојкоски.