Отворањето на клубот во Благоевград нема да го промени ставот на бугарската влада во однос на Македонците во Бугарија, но гледаме дека привлече големо внимание кај Македонците во Бугарија, вели Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин во тема на денот на ТВ Сител
-Во самиот бугарски клуб ќе има културни активности, клубот е шанса да видат граѓаните на Бугарија дека Македонците не се непријатели, тие немаат ништо против Бугарија и се надеваме дека овој клуб ќе има позитивен резултат, вели Стојков.
Тој додава дека како и досега така и сега, Македонците во Бугарија немаат подршка од македонската влада, но тие и понатака како што рече ќе продолжат да се борат самостојно