Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува дека до крајот на февруари со двете вакцини против коронавирусот ќе се вакцинираат 100 милиони луѓе во САД или околу 40 отсто возрасни, соопшти во средата висок американски функционер.
Веќе во декември ќе бидат вакцинирани 20 милиони луѓе со 40 милиони дози од вацините на „Pfizer/BioNTech“ и на „Modernа“, бидејќи секоја од вакцините за Covid-19 се прима двапати, во интервал од тр односно четири седмици, ијави на брифингот Монсеф Мохамед Слауи, шеф на операцијата „Warp Speed“ на американската влада.
„До крајот на февруари би можеле да вакцинираме 100 милиони луѓе, што горе-долу соодветствува на бројот ризични лица, постарите и медицинскиот персонал“, рече Слауи.
Тоа ќе биде „сосема доволно“ да бидат вакцинирани три милиона штитеници на домовите за стари и немоќни лица, изјави Слауи, кој е поранешен челник на асоцијацијата на фармацевтската индустрија кого пролетва го ангажираше администрацијата на Трамп.
Слауи е американски имунолог, поранешен изврешен директор на фармацевтскиот гигант „GlaxoSmithKline“, кој го предводи тимот научници во рамките на државната програма за забрзан развој на препарати против коронавирусот.
Остатокот, пак, ќе биде доволен за вакцинирање на големо мнозинство експерти во здравствениот сектор, доколку сојузните држави и териротии им дадат приоритет, како што во вторникот препорача советодавната стручна комисија на здравствените власти.
Во јануари би можело да бидат вакцинирани 30 милиони луѓе, доколку се потврди ритамот на производство на дозите на двете вакцините, како и 50 милиони луѓе во февруари, што сочинива вкупно 100 милиони.
Оваа бројка не ги вклучува уште двете потенцијални вакцини на компаниите „Johnson&Johnson“ и „AstraZenecа“, додаде Слауи, со што би се зголемил бројот дози веќе во февруари, доколку го добијат одобрувањето од американската Агенција за храна и лекови (FDA).