Што можете да научите од лезбејките за сексот?

Жените ги задоволуваат жените многу подобро од мажите. Доколку сакате да ја задоволите во кревет, можеби би требало да земете совет од некој друг – поточно, некоја друга жена. Лезбејките постигнуваат оргазам многу почесто отколку хетеросексуалните жени.

Одете бавно – Жените постојано се жалат дека мажите најчесто ја прескокнуваат предиграта и се фрлаат директно на главниот настан – и тоа најчесто е вистина. “Мажите брзаат, природно, бидејќи нивната психологија е многу поразлична од онаа на жените”, вели Април Масини, експерт за меѓучовечки односи. “Кога мажот ќе се возбуди, тие ја таргетираат целта и се движат директно кон неа. Жените, од друга страна пак, имаат многу побавно патување, полно со “значајни” моменти на загревање.”


Запознајте го нејзиното тело – Истражувачите забележале дека на лезбејките можеби им е полесно да постигнат оргазам бидејќи тие се чувствуваат поудобно и се повеќе запознаени со женското тело. “Во врска на две лезбејки, жените имаат предност бидејќи многу е лесно да совладате нешто со кое сте веќе запознаени”, вели Масини.

Како да станете експерт во женската анатомија? Поминете некое време истражувајќи го нејзиното тело – и преку допири, но и преку разговор – за да сфатите што таа навистина сака во кревет.

Ставете го вашето его на страна – “Мажите имаат теденција да гледаат на сексот како на некое остварување”, вели Томас. “Дури и кога тој се обидува да ја задоволи, го прави тоа бидејќи сака да се чувствува дека ја завршил задачата да обезбеди таа да постигне оргазам.”

Томас, кој често работи и со геј и со лезбејски парови, вели дека овој вид на его не постои многу во лезбејските односи. “Наместо да гледате на тоа како на успешно остварена задача обидете се да се поврзете со неа”, вели Томас. “Наместо да и давате задоволство, за да се чувствувате убаво во врска со себе, обидете се ментално да се поврзете со неа па на тој начин ќе ја задоволувате само за неа, не за вашето его.”


Сексот е повеќе од самиот чин – Иако вие можете да доживеете оргазам само преку одност, таа не може. “Односот не е секогаш сигурен пат до оргазам за жените и од физички и од психички причини”, вели психијатарката Карол Либермен. “Таа треба да се почувствува безбедна и посакувана – пред таа да се откаже од контролата и да се предаде”…

Бидејќи лезбејките не се фокусираат толку многу на самиот однос колку хетеросексуалните парови, тие се многу пофокусирани на предиграта, на стимулацијата на клиторисот и останати начини за доживување на оргазам. “Лезбејките се многу трпеливи, креативни и експериментални со нивниот начин на водење љубов”. Фокусирајте се на ова и таа ќе биде повеќе од подготвена сосема да ви се предаде.