Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри на Светското во атлетика

Македонскиот претставник на Светското атлетско првенство што се одржува во Доха, Јован Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри.

Тој постигна време од 47 секунди и 92 стотинки и го освои последното место во третата од шесте квалификациски групи.

Стојоски настапот го заврши на 38-мо место од вкупно 41 натпреварувач.

Најдобар беше Кирани Џејмс од Гренада со време од 44.92 секунди, што беше за скоро три секунди побрзо од времето на нашиот Стојоски.