![seksss](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/seksss.jpg?resize=660%2C440&ssl=1)
По сексот, жените сакаат да разменуваат нежност и прегратки. А, дали понекогаш сте се прашале што е тоа што го сакаат мажите? Да спијат? Не. Да станат и да гледаат ТВ или да испушат цигара? И овде одговорот е негативен. Мажите се многу поемотивни од што мислите.
Колку и да верувате дека не сакаат да се галат и да разменуваат нежност, се лажете. Неколку работи можете да му ги направите на својот партнер по сексот, а кои уште повеќе ќе го разнежнат и испратат на седмо небо.
Дадете му комплимент
Потенцирајте ги секс-позите кои ви се допаднале и гарантирано ќе ги повтори. Малку комплименти никому не штетат, а за возврат ќе го одржите буден и ќе му ја пробудете желбата за докажување.
Истуширајте се заедно
Уживајте во млаз топла вода која ги гали вашите припиени тела, галете се, масирајте се и бакнувајте се. Докажано е дека топлата вода ја продолжува возбудата и го подобрува протокот на крвта.
Мaсирајте го
Само затоа што сексот завршил, не значи дека рацете треба да престанат да работат. Масирањето е идеална прилика и понатаму да останете во физички контакт.
Припијте се до него
Жените обожаваат кога по сексот се гушкаат и галат, а докажано е дека е мит е дека мажите во тоа не уживаат. Најголемиот број на мажи сакаат да почувствуваат блискост по сексот, затоа оставете му простор да се намести, а потоа приближете му се.