Стоилковски: Aко на Здравствен дом Скопје им треба џип од 43.000 евра, зар не им треба ист таков и на другите здравствени домови?

Точно во јануари излезе приказната за скриени необележени возила на Здравствен дом Скопје во гаража на поликлиниката Бит Пазар, потсети портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде дека впечатлив беше џипот, го викаа „директорски“.

Прашувам, ако на ЗД Скопје им треба џип од 43.000€, зар не им треба ист таков и на другите здравствени домови? Или другите директори не се толку инвентивни да промовираат возила со Венкота?, прашува Стоилковски.

Додава дека од вкупната вредност (178.586€) потрошени за возила (11) џипот „тежи” една четвртина (43.236€)!

-Или, џипот вреди колку набавка на барем три други возила.
И сега кога од Скопје ќе се јавите во Брза Помош, барајте Шкода Кодијак!, порача Стоилковски.