Стоилковски до Ацевски: Заев е аболиран на 2 август ден кога претседателот аболира криминалци

Во вечерашнот издание на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа гостуваа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски.

Стоилковски го запраша својот соговорник зошто ако СДСМ е против амнестија сите досегашни случаи на аместија се поврзуваат со владеењето на СДСМ. -Ако сте против амнестија, зошто сите случаи на амнестија се поврзувуаат со вашето владеење. Од онаа амнестија за Зоран Заев до оние помилувања за гласање за уставните измени. Знаете ли кога е аболиран Зоран Заев, на 2 август ден кога претседателот аболира криминалци.

Јавете се во државната комисија за спречување на корупција и прајаште до каде постапката за Глобал, бидејќи е отворен предмет сега во мај на почетокот, вели тој. Стоилковски уште еднаш го напомена предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да заедно со автентичното толкување на членот 11, амнестираните политичари да не можат да се бават со политика. Заедно со автентичното толкување, амнестираните политичари да не можат да се бават со политика. Зошто го браните Зоран Заев човекот е аболиран, амнестиран, на Мирчко бишкарникот итн.