4.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

Стоилковски: Дојде време Златко Марин да го брани Ивица Коневски?

Општината Аеродром ….. Не, нема да дозволам нови злоупотреби од Златко Марин за свои партиски или лични преписки на информативниот портал на локалната самоуправа, на она што треба да е алатка на граѓаните за информирање за работата на локалната власт. Но кога се нема што да се напише дека е сработено, кога немаш што да напишеш зошто нема ајро, гимназија, отворени погони или нов дом за стари лица, да речеме, тогаш можеби ангажираната маркетинг агенција му наплатува за совет, на пример порталот да објавува политички закани од партискиот штаб на градоначалникот, набрзина составени, полни со флоскули, правно неписмени и неиздржани ставови, а во функција на закани врз политички неистомисленици на Златко Марин, кој што патем зема плата од данокот кој што го плаќам ЈАС и моето семејство! Ова го изјави на прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Но тоа што може да е предочи од сето ова е дека Златко Марин објавил тоа што општинската СДСМ мисли дека е опортуно за нив, во моменти кога Златко Марин е пуштен низ вода! Па, свесен ли е Марин дека преку општинскиот информативен интернет портал објавува дека СДСМ потврдува дека ги поддржуваат Ивица Коневски и малата група околу него во нивните препелкања? Дали „општинската администрација“ која што патем треба да е професионална, се согласува со објавениот став преку нивната страница дека Наум Стоилковски, односно јас, цитирам – „неговото време, како дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ набргу истекува“? Дали преку општинскиот информативен портал е објавена политичка сплотеност на Коневски со Златко Марин? Епа дојде време Златко Марин да го брани Ивица Коневски? Златко Марин, со здравје да си ја носите коалицијата, истакна Стоилковски.

Аеродром знае, аеродромци гледаат и препознаваат што е вистина, а што не е, и знаат точно да ја направат разликата на избори и за лагата за градба гимназија и лагата за спречување на градењето на зградата кај „Мајчин Дом“. И ниеден договор од 73.000 евра со маркетинг агенција нема да ги излаже, додаде тој.