Стоилковски: ДУИ делеше „европски“ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

-ДУИ и СДС вчера си го покажаа лажното проевропското лице. Вчера ДУИ делеше европски тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС!
Беким Незири, предводник на тепачите, не е случаен човек, туку познат висок функционер на ДУИ. Невозможно е тој да влезе на тој начин во М-НАВ без знаење и поддршка на директорите од ДУИ, од партиското раководство и секако од власта.
Јавно, додека таму стојат новинари, дури се држи прес конференција, силеџии на ДУИ, влегуваат да тепаат, вратите им се отвораат, а до сега никој не е уапсен, и нема ниедна оставка? Ова е вистинското лице на коалицијата што се затскрива зад лажни европски вредности!, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Уште повеќе, лажна поевропска е причината; ДУИ веројатно во име на владата пушта тепачи во авиоконтрола, затоа што на оглас за работа не влегле партиските неспособни кадри. И ДУИ, од европската коалиција, пушта тепачи, а министерот од СДС, неспособниот Бочварски, од проевропската коалиција, уште молчи. Уште молчи и Оливер Спасовски, министер за полиција. Тепачи влетуваат во контролна кула, тепале вработени во контрола за летање, а наместо итна акција на специјалните сили, нема полициска акција за расчистување на случајот.
Почитувани, се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски!
Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, рече Стоилковски.