Јасно изразената волја на граѓаните изразена на референдумот, со која се испрати гласна порака дека капитулантскиот договор не се прифаќа, треба и се очекува да биде почитувана од сите пратеници, од сите функционери, од сите институции, првенствено од Собранието кое што го распиша референдумот, а потоа и од владата. Зоран Заев не е, ниту може да биде над народот. Нема друга демократска држава каде што премиер гази врз волјата на народот, ова денеска на пресконференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев не доби мандат од граѓаните на избори да го избрише името Република Македонија, ниту граѓаните се согласија преку референдум да го поддржат капитулантскиот договор од Преспа со кој што се менува македонскиот идентитет. Непочитувањето на овој јасен став е силување на демократијата, исто како што беше силуван гласот и избирачкото право на над 50.000 гласачи на одржаниот референдум. Постојано приложуваме докази за масовно кршење на демократијата и полнење на кутии, па така ќе продолжиме и денеска, потенцира Стоилковски.
Општина Струга, населено место Лабуништа едно избирачко место од 17 до 19 часот гласале 156 гласачи или на секои 46 секунди по еден гласач.
Повторно Општина Струга, Велешта од 15 до 17 часот гласале 497 гласачи или на секои 14 секунди по еден гласач.
Повторно Велешта во Струга од 15 до 17 часот гласале 247 гласачи или на секои 29 секунди по еден гласач.
Кичево, населено место Зајас од 17 до 19 часот гласале 350 гласачи или на секои 20 секунди по еден гласач.
Друго изборно место исто во населено место Зајас, Општина Кичево од 17 до 19 часот гласале 127 гласачи или на секои 56 секунди по еден гласач.
Трето избирачко место во Зајас, Општина Кичево од 15 до 17 часот гласале 202 гласачи или на секои 35 секунди по еден гласач.
Општина Желино, населено место Тревош од 13 до 15 часот гласале 136 гласачи или на секои 52 секунди по еден гласач.
Општина Липково, населено место Виштица од 11 до 13 часот гласале 175 гласачи или на секои 41 секунди гласал по еден гласач.
Општина Боговиње, населено место Каменање од 17 до 19 часот гласале 167 гласачи или на секои 43 секунди по еден гласач.
Општина Пласница, населено место Пласница од 17 до 19 часот гласале 170 гласачи или на секои 42 секунди гласал по еден гласач.
Повторно Пласница, уште едно избирачко место исто од 17 до 19 часот гласале 202 гласачи или на секои 35 секунди гласал по еден гласач.
Општина Долнени, населено место Црнилиште од 11 до 13 часот гласале 225 гласачи или на секои 32 секунди гласал по еден гласач.
Студеничани, населено место Батинци од 17 до 19 часот гласале 262 гласачи или на секои 27 секунди гласал по еден гласач од Батинци.
Тој додава дека ова е само дел од доказите зошто мора да биде сменет РЈО, зошто мора да има анкетна комисија во Собранието, зошто е потребна техничка, пржинска влада за спроведување на следните избори онака како и што и беше договорено.
-Оваа власт затоа и го чува Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески кој се крие и не го расчистува криминалот во кој што власта влегува секојдневно, ниту пак ги расчиствува изборните измами и поткупувања и полнењето на кутии. Со неговото непостапување РЈО прави злоупотреба на својата должност, и за тоа е потребна итна негова смена. Почитувани, вакви насилни процеси, вакво полнење на кутии, вакво лажирање на резултати не враќа во 90-тите години на минатиот век. Оваа власт нема капацитет да одржи чисти фер и демократски избори на кои што граѓаните би биле сигурни дека својот избор нема да им биде злоупотребен, вели Стоилковски.