Стоилковски: Изнесената метафора беше погрешно разбрана

Jавноста реагира во врска со изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во која за новата министерка за финансии го употреби зборот групировка. Па така повеќе невладини организации регаираа, како и политичари, партии и Владата.

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави Ребалансот.
Таа тргна барем да одговори прашање; тој го презеде микрофонот!
Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е Џирло Девојка- презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори. Ова е комплетно киднапирање на институции!“, напиша Стоилковски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

– Владата на Република Северна Македонија остро го осудува примитивниот говор со елементи на омраза врз основа на род и возраст кој беше упатен кон министерката за финансии од страна на опозицијата. Недозволиво е да слушаме ваква реторика од оние кои треба да бидат коректори на власта. Очекуваме најголемата опозициска партија да се огради од ваквиот дискриминаторски говор заснован на негативни стереотипи кон жените и девојките, изјави владиниот портпарол Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања на редовната прес-конференција во Владата.

Владата и очекува најголемата опозициска партија да се огради од ваквиот говор на омраза,но и соодветно да реагира и Комисијата за заштита од дискриминација.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се извини за навредливиот и сексистички фејсбук статус. На Мила Царовска, Даниела Рангелова и сите кои што го осудија и од него побараа да се извини, Стоилковски им порача дека не го разбрале и го извитопериле неговиот статсус.

„Никогаш не сум промовирал сексизам ниту тоа е дел од мојот карактер и светоглед. Напротив реагирам на прес на кој што Заев ја злоупотреби Нина како лице за промоција на неговиот ребаланс, што го покажува неговиот однос и кон министерството и кон министерката. Жалам ако некој е доведен во заблуда со извитоперувањето на мојот став“, кажа Стоилковски.