Стоилковски: Криминалот владее во Македонија, никогаш не било полошо

Според СДС и Оливер Спасовски 2023 година е успешна, успешна но само за криминалот. На прво место, убиства – двојното убиство во Скопје и Велес, што најмногу ја потресоа Македонија, па спектакуларни бегства од затвори, пукање во трговски центри – на два пати повторено, брутална ликвидација во локал под скопско Кале… Ништо од ова не е до крај расчистено, изјави на денешната прес-конфереција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека годината мина без завршница со криминалниот случај Беса Транс, без вистинска завршница за пожарот во модуларната во Тетово, без завршница за случајот родилка на која и се извадени органи.

Како што истакна Стоилковски, 2023-та е година во која градоначалникот на Струга е ставен на американската црна листа, но тој нема никакви политичко-правни последици.

-Ова е годината во која судијката којашто судеше за пасоши за Мафијаши, јавно порача дека предметот не ја опфатил главата на криминалот. Во 2023-та ЈО за организиран криминал, Ислам Абази, нема случај за коруптивни скандали за семејството на Али Ахмети и Артан Груби и ја прекина соработката со ДКСК, затоа што била спомната партијата ДУИ! Нема предмет за скандалот БРОИЛО, нема предмет за Соравија, нема предмет за ништо, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Столковски нема истрага за случајот Лотарија, ниту за поврзаноста на главните актери со министерот Артан Груби.

-Јавното обвинителство на сега веќе заминатиот Јовески спроведе истрага за влијанието на Мерко, според наводите на американскиот Стејт департмент, ама во судовите не откри баш ништо! Ова е година во која повторно најмногу профитираа спонзорите на ДУИ од јавни тендери, ама секако нема предмет. И секако, 2023-тата ќе заврши без истрага за Онкологија – за организирано злосторничко здружување со смртни последици, со огромно оштетување на буџетот и криминално коруптивни неказнети врски! Годината завршува со нереално огромен буџет со криминално коруптивни мерки само и само во изборни цели, за злоупотреби! Почитувани никогаш не било полошо, истакна тој.

Стоилковски нагласи дека криминалот владее, а Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и Артан Груби се уште се уште на власт!